Фаул востилот на НФЛ: Го разнесе, но не го спречи да му даде тројка (Видео)

Вашингтон направи пријатно изненадување и славеше против Денвер со 130:128 во меч на кој гостите беа фаворити. Дуелот беше интересен до самиот крај, а еден од најинтересните моменти се случи во третата четвртина.

Денвер беше во напад, Кампацо се намести на шут за три поени, а домашниот играч Гарисон Метју се обиде по секоја цена да го сопре да не погоди. Во стилот на бек од НФЛ-лигата, Метју тргна кон Кампацо, буквално го разнесе, но, за среќа играчот на Денвер, остана без посериозна повреда.

Да биде уште полошо за Вашингтон, Кампацо успеа и да го погоди шутот за три поени.

Вечерва во НБА-лигата се играат три меча, а дербито е во Лос Анџелес, каде што домаќинот Лејкерс го пречекува Бруклин нетс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести