Федерер ѝ честиташе 100-ти роденден на својата највозрасна навивачка

Жена од Белгија која наполни 100 години, доби специјална честитка од нејзиниот омилен тенисер Роџер Федерер. Швајцарскиот тениски ас, кој во кариерата има освоено 20 грен-слем титули, има голем број на навивачи низ светот, но веројатно никој не е постар од Марија Луиза де Белдер кој е родена пред цел еден век.

По тој повод, Федерер на госпоѓата ѝ испрати потпишана честитка, во која ѝ ги честита и 100-тиот роденден и Божиќ.

„Ми го разубаве денот. Не можам да поверувам дека тој го напишал ова специјално за мене. Јас на времето мојот сопруг го запознав во тениски клуб, овој спорт ми донесе многу прекрасни моменти во животот“ – коментира Де Белдер.

- Оглас -

Најнови вести