Федерер доби примамлива понуда да стане фудбалер

Швајцарскиот петтолигаш Виларепос подготви спектакуларна понуда до легендарниот тенисер Роџер Федерер. Тимот кој е познат само во својата област, реши да се обиде да го доведе тенисерот кој има рекорди 20 Гренд слем титули. Токму поради бројот на освоени Гренд слем титули, за Федерер е резервиран бројот 20, но немало да биде проблем и бројот да биде променет во 21, 22, 23 или 24, во зависност од тоа ако Федерер реши да поигра уште тенис и да освои уште некоја од најзначајните трофеи.

Федерер, кој има 38 години, како дете има играно фудбал во петтолигашот Конкордија Базел, и тоа како напаѓач. Потоа реши да се посвети на профи тенисот. Швајцарецот моментално е на рехабилитација по повредата на десното колено.

Челниците на фудбалскиот петтолигаш Виларепос веруваат дека сега е вистинско време да се обидат да го доведат Федерер во фудбалот, а му упатија и писмо.

„Имаме по малку луда идеја, сакаме да те ангажираме да играш фудбал за нас. Откривме дека уште имаш аматерска лиценца која ја деактивирал тимот на Конкордија Базел. Можеш да ни се придружиш веднаш или по завршување на тениската кариера, која се надеваме дека ќе трае уште долго време. Ти нудиме и неколку аргументи кои сигурно нема да те остават рамнодушен. Ти го резервиравме бројот 20, но ако освоиш уште некоја Гренд слем титула, не е проблем тој број и да го промениме со броевите 21, 22, 23 или 24. Во нашиот тим сите подеднакво плаќаме членарина од 180 франци. Би можеле да се договориме да ти ги платиме трошоците за твоето доаѓање, но само да не биде тоа пат од Дубаи. Во петтата лига нема да те нервираат линиските судии затоа што тука ги немаме“, стои во писмото упатено до Федерер од швајцарскиот петолигаш.

- Оглас -

Најнови вести