Федерер го преслуша Ѓоковиќ, Надал останува број 1 во 2019 година

Роџер Федерер му се приклучи на Доминик Тим во полуфиналето на завршнито турнир во сезоната по победата вечерва против Новак Ѓоковиќ.

Швајцарецот славеше со 6:4, 6:3 и ќе игра за титулата во Лондон, а Ѓоковиќ има двоен зијан. Вечерва испадна од трката за титулата на овој турнир, а сега веќе и не може да го престигне Рафаел Надал во битката за првото место на АТП-листата на крајот од 2019 година.

Федерер одигра многу подобро од Ѓоковиќ и за еден час и 14 минути успеа да го победи големиот ривал, па останува да се бори за пехарот во „О2 арената“.

- Оглас -

Најнови вести