Роџер Федерер е импресиониран од игрите на Карлос Алкарас, но не му се допаѓаат споредбите со Новак Ѓоковиќ и големата тениска тројка кои ги изнесе Хуан Карлос Фереро, кој му е тренер на шпанскиот тенисер.
„Карлос е нешто што досега не сме го виделе. Тој е некоја комбинација на Ѓоковиќ, Федерер и Надал“, рече неодамна Фереро.
Федерер смета дека ваквите зборови на Фереро можат да му донесат дополнителен притисок врз грбот на 20-годишниот тенисер.
„Неговиот тренер рекол такво нешто? Мислам дека Карлос сè уште е млад иако уште сега прави неверојатни работи. Никогаш не сум сакал на младите тенисери да им се става голем притисок врз грбот“, изјави Федерер.