Федерер немаше милост кон Еванс

Роџер Федерер со убедливи 3-0 во сетови (6-2, 6-2, 6-1) го совлада Даниел Еванс на патот до осминафиналето на Отвореното Првенство на САД. Третиот носител на последниот овосезонски Гренд слем воопшто немаше проблеми против аутсајдерот од Гибралтар, против кого ја оствари петтата последователна победа без загубен сет во меѓусебните дуели.

На Швајцарецот очигледно му се брзаше да го заврши мечот, па откако поведе со 2-1 направи и два брејка за водство по првиот сет. На сличен начин дојде до 2-0, а за убедливата победа Федерер му украде уште три гема на сервис на противникот, па за помалку од час и половина си обезбеди пласман во следната фаза.

Противник на Федерер ќе биде подобриот од Карено Буста – Гофан, дуел кој треба да започне во следните неколку минути.

Големо изненадување приреди Алекс Де Минур во победата над Кеј Нишикори со 3-1 во сетови (6-2, 6-4, 2-6, 6-1). Младиот австриски тенисер го елиминираше седмиот носител на Гренд слемот и за првпат во својата кариера ќе игра во осминафиналето.

Во женска конкуренција, фаворизиранта Каролина Плишкова по три сета и триумф од 2-1 (6-1, 4-6, 6-4) против Онс Жабур обезбеди пласман во осминафиналето, додека Петра Мартиќ ја совлада Анастасија Севастова со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).

- Оглас -

Најнови вести