Федерер по три години, повторно ќе игра на земја

Роџер Федерер планира во мај да игра на Мастерс турнирот во Мадрид, и тоа ќе му биде прв настап на земјен терен по пауза од три години. Швајцарецот потврдил дека ќе игра на турнирот кој го освојуваше во 2006, 2009 и 2012 година, со што е втор на вечната листа зад Рафаел Надал, кој има пет титули на овој турнир.

Турнирот ќе се игра од трети до 12-ти мај во салата „Каха махика“ во шпанската престолнина. Во „магичната кутија“ ќе се појават и најдобрите тенисери на светот, Новак Ѓоковиќ и Надал, па уште отсега се најавува спектаклот.

За 37-годишниот Федерер, настапот во Мадрид ќе му биде прв на земја по играњето во Рим во средината на мај 2016 година. Оттогаш Федерер играше само на трева и на тврда подлога. Но, сега сака што подобро да се подготви за настап на Гренд слемот Ролан Гарос во Париз, на кој не играл од 2015 година, кога беше поразен во четврт-финалето од сонародникот Стен Вавринка. Федерер има една титула на Ролан Гарос, и тоа во 2009 година.

- Оглас -

Најнови вести