Федерер призна: Ѓоковиќ е мајстор во една работа

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер, кој се повлече пред една и пол година, даде свое мислење зошто публиката не сака кога великаните губат од млади предизвикувачи.

Новак Ѓоковиќ е најуспешниот тенисер во историјата, но најголем дел од навивачите низ светот не го сакаат многу Србинот, веројатно затоа што се вмеша во ривалството на Федерер и Рафаел Надал.

„Кога публиката е против вас, тоа треба да се сфати како мотивација, ве поттикнува на некој начин да бидете уште подобри. Новак е мајстор во тоа. И јас имав такви ситуации, но не често. Кога бев млад, сите навиваа за Агаси против мене, не сакаа новото момче од Швајцарија да го победи Андре“, изјави Федерер.

- Оглас -

Најнови вести