Роџер Федерер денес се појавина Вимблдон по повод 100-годишнината од Централниот терен.
Иако годинава првпат од 1999 година пропушти настап на Вимблдон, 40-годишниот ветеран излезе во одело и пак успеа да предизвика овации од преполните трибини.
Како осумкратен шампион на Вимблдон, Федерер еден од омилените тенисери на оваа публика, доби громогласен аплауз и застана до актуелниот бранител на титулата, Новак Ѓоковиќ.
Инаку Федерер во ланското издание на Вимблдон стигна до четвртфиналето, за потоа да се фокусира на здравјето и закрепнување по операцијата на коленото.
https://twitter.com/Wimbledon/status/1543582911466700800