Се чини дека Роџер Федерер го прифати фактот дека повеќе не може да игра тенис на врвно ниво и практично ја најави пензијата во интервју за холандски медиум.
Швајцарскиот виртуоз првпат по 25 години испадна од АТП-листата поради што цела сезона е неактивен и нема освоено бодови. На свои 40 години, Федерер вели дека во животот има поважни работи од тенисот.
„Нормално дека сакам да победувам, но кога веќе не сте во натпреварувачки погон, подобро е да се стави крај. Тенисот не ми е толку потребен, сега среќен ме прават други работи, како на пример децата. Беше чудно да се гледа Вимблдон на ТВ, првпат од 1998 година. Точно дека тенисот е дел од мојот живот, но не и идентитет. Би сакал да бидам успешен и на друго поле, да вложувам во свои бизниси. Знам дека професионалната кариера не може да трае вечно, и тоа го прифатив. Тоа што не се вратив на терените ми овозможи да посетам одредени луѓе и да им возвратам за сé што имаат направено за мене“, истакна Федерер.
Иако не е официјално, Федерер е блиску до пензија која би сакал да ја потврди барем со уште еден настап на турнирот во родниот Базел. Во богатата кариера освои 20 гренслем титули и е трет најобликуван тенисер зад Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, кои бројат 21, односно 22 гренслем титули.