Роџер Федерер и претходно дејствуваше на хуманитарен план со донацијата од еден милион франци за својата земја, средства кои се искористија за борбата против корона-вирусот, а тенискиот виртуоз уште еднаш ја покажа својата човечка големина.
Фондацијата на Федерер издвои еден милион долари за финансиски најзагрозените семејства во Африка. Со средствата се обезбедени оброци за семејствата кои немаат приходи додека во е ек пандемијата, а како што е најавено, од помошта ќе се нахранат околу 64.000 луѓе.
„Сега, повеќе од кога било треба да се обединиме и да им пружиме помош на оние на коишто им е потребна“, напиша Федерер на „Твитер“.
https://twitter.com/rogerfederer/status/1258015242963034113