Федерер во шок: Загубил 200 милиони долари!

Роџер Федерер од неодамна е избришан и од АТП листата, откако легендарниот швајцарски тенисер повеќе од една година не одигра ниту еден меч. Тенисерот кој прв стигна до 20 Гренд слем титули, сега се наоѓа во големи проблеми и тоа не е поврзано со тенисот.

Според светските медиуми, Федерер имал купено акции во компанијата за спортска опрема „Он“. Акциите на оваа компанија имаат вртоглав пад, па една акција од 39,95 долари сега вреди само 17,37 долари.

„Не е познато точно колку акции поседува Федерер во таа компанија, но од претходно се зборуваше дека тој поседува околу три отсто од акциите. Тоа значи дека поради падот на акциите, Федерер загубил околу 200 милиони долари“, пишува Швајцарски тајмс.

Како дел од причините за падот на акциите се споменува војната во Украина, пандемијата со Коронавирусот и светската финансиска криза.

 

- Оглас -

Најнови вести