Феенорд блескаше на терен, но се избламира со промотивното видео (Видео)

Играчите на Феенорд блескаа на легендарниот „Де Кујп“ во Ротердам и во дуелот на некогашните европски прваци го победија Порто со 2:0 на меч што имаше лоша увертира за Холанѓаните.

Домаќините изработија промотивно видео, кое подоцна беше повлечено, иако срамот им го видоа илјадници корисници на социјалните мрежи. Во еден момент од видеото се слуша како дел од навивачите извикуваат антисемтиски пароли, што креаторите на материјалот што требаше да го промовира и Феенрод, но и Ротердам не го забележале.

По неколку часа и сугестии од многу страни видеото беше тргнато од социјалните мрежи. На терен со головите на Тонстра и на Кардсдроп во второто полувреме Феенорд забележа важна победа против Порто во групата Г, каде што по две кола сите четири екипи имаат по три бода.

 

Навивачите

- Оглас -

Најнови вести