„Фејсбук“ и „Инстаграм“ синоќа спречија Лампард да биде промовиран во нов тренер на Челзи

Френк Лампард синоќа требаше да биде промовиран во нов тренер на Челзи, но поради бизарен проблем, работата се одложи. Проблемите кои вчера ги имаа најпопуларните социјални мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ беа причина промоцијата да не се оддржи, иако легендарниот играч вчера се појави во просториите на „Стемфорд бриџ“. 

Челзи на „Фејсбук“ има околу 48 милиони следбеници, додека на „Инстаграм“ лондонскиот клуб го следат повеќе од 17 милиони фанови. Со оглед на тоа дека на двете социјални мрежи не можеше да се вметне фотографија, повеќе од 65 милиони фанови на Челзи ќе останеа без задоволството да го видат новиот тренер на фотографија, па промоцијата на Лампард едноставно беше одложена за денеска.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести