Лампард пристигна на „Стемфорд бриџ“, Челзи добива нов тренер

Играчот кој ги освои сите најзначајни трофеи со Челзи, а на „Стемфорд бриџ“ како играч помина повеќе од една деценија, Френк Лампард, вечерва се врати во клубот од Лондон. Лампард пристигна на стадионот, но со една друга цел, треба да биде новиот тренер на лондонскиот премиерлигаш.

Лампард во минатата сезона го преводеше тимот на Дерби каунти во Шампионат лигата и за малку не успеа да го одведе тимот во елитното натпреварување, откако во финалето на плејофот загуби од Астон вила. Стратегот не успеа со Дерби каунти, но тој сепак ќе биде тренер во Премиер лигата, и тоа на „неговиот“ Челзи.

Актуелниот освојувач на Лигата на Европа остана без тренер откако од клупата си замина Маурицио Сари. Италијанскиот стратег застана на чело на Јувентус. За да го доведе Лампард, Челзи на Дерби каунти му плати четири милиони евра.

Во текот на утрешниот ден се очекува Лампард и официјално да биде промовиран за нов тренер на Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести