Фенербахче го остави Шортс без фајналфор, Реал не дозволи да добие „метла“

Познат е првиот учесник на фајналфорот во Евролигата кој ќе се игра во Абу Даби, тоа е Фенербахче. Турскиот тим со 3-0 во победи го елиминира Париз баскет, а третата победа вечерва беше во Градот на Светлината со 98-88, и тоа по продолжение од пет минути.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс постигна 29 поени и беше прв стрелец во францускиот тим, но четвртфиналето им беше крајниот досег на дебитантите во Евролигата.

Реал Мадрид не дозволи да биде елиминиран со „метла“ и намали на 1-2 против фаворитот Олимпијакос. Кралскиот клуб го искористи неиграњето на Еван Фурние кај Грците и победи со 80-72 останувајќи во живот.

- Оглас -

Најнови вести