Фенербахче и Олимпијакос се последните учесници на завршницата во Евролигата

Екипите на Фенербахче и Олимпијакос се последните учесници на фајнл-фор завршницата од кошаркарската Евролига, откако успеаја на гостински терен да ги добијат мајсторките против Монако, односно Барселона.

Драма имаше на двата меча, но победникот во кнежеството беше одлучен дури после продолжението од пет минути, откако резултатот во регуларниот дел беше 70-70. После дополнителните пет минути, Фенербахче беше поуспешен за половина кош, со 79-80.

Вистинска анти-кошарка одиграа Барселона и Олимпијакос, во меч на кој беа постигнати само 122 поени. На крајот Олимпијакос беше поуспешен со 59-63.

Освен Фенербахче и Олимпијакос, на завршницата во Евролигата ќе играат уште и Реал Мадрид и Панатинаикос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести