Фенербахче ќе биде „топовско месо“ на гостувањето во Москва

Фенербахче вечерва гостува кај ЦСКА Москва во меч од Евролигата, а единствена непознаница е со колку разлика ќе победи домаќинот. Турскиот тим се соочува со мини пандемија од Коронавирусот, па на гостувањето ќе бидат без тренерот Игор Кокошков, како и кошаркарите Џарел Еди, Боби Диксон, Едгарас Улановац и Јагит Онан.

Сите заразени дефинитивно ќе ги пропуштат двата меча од четвртфиналето во Евролигата. Фенербахче последниот меч го одигра на 11 април и тоа со младински состав против Бурсаспор, а потоа поради пандемијата беше одложено дербито против Анадолу Ефес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести