Фенербахче подигна монумент во чест на европската титула од 2017 година (фото)

Eвролигашката титула на Фенербахче од сезоната 2016/17 е врежана во камен, буквално. Турскиот гигант подигна монумент во чест на освоената титула пред две сезони, која воедно беше прва за нив во клупската историја.

Споменикот е поставен во едно предрадие во Истанбул, а за утре е закажана церемонија која ќе се одржи во 14 часот.

https://twitter.com/TurkeyLega/status/1107305938296422402?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1107305938296422402&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.eurohoops.net%2Fen%2Feuroleague%2F846277%2Ffenerbahce-beko-unveils-monument-honoring-2017-euroleague-title%2F

Под „палката“ на Жељко Обрадовиќ, Фенербахче во финалето го совлада Олимпијакос со 80:64, додека претходно го елиминираше Реал Мадрид на стартот од фајнл форот кој се одржа во арената „Синан Ердем Дом“ во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести