Турскиот гигант Фенербахче сака по секоја цена да ја врати титулата на своите витрини и нема да застане само на доаѓањето на квалитетниот играч за врска Матео Гендузи, во плановите му се уште двајца други врвни играчи – Н’голо Канте и Адемола Лукман.
Познат турски новинар објави фотографија од претставници на Фенербахче кои се упатуваат кон Саудиска Арабија за да постигнат договор со Ал-Итихад за трансфер на Канте, чиј договор истекува на 30 јуни.
Многу потешка операција ќе биде доаѓањето на најдобриот стрелец на Аталанта, Адемола Лукман, кој е во Мароко за Африканскиот куп на нациите.
Нигериецот помина низ турбулентен период во Бергамо поради конфликт со претходниот тренер Џан Пјеро Гасперини бидејќи по секоја цена сакаше да ја промени средината.
Доколку Фенербахче ги потпише овие двајца играчи, би имале тим достоен да се бори за титулата, но парите потрошени за засилувања би резултирале и со некои заминувања од тимот.

