Фенербахче „воскресна“ во финишот, прво обезбеди продолжение, а потоа дојде до брејк против Монако

Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 1-0 во победи во четвртфиналната серија со Монако откако како гости во возбудлив натпревар славеа со 91:95 и тоа по продолженијата.

Монако водеше до самиот финиш, на полувремето замина со предност од девет поени (46:37), идентична предност имаше и во последната четвртина (74:65), но Фенербахче успеа да направи пресврт. Со серија од 0:8 дојде до 74:73, а на две минути до крајот по поените на Ник Калатес, Фенербахче поведе со 76:77, а потоа Хејс-Дејвис погоди за плус три за турскиот тим.

Одговорот на Монако дојде преку Блосомгејм и Диало за 81:80 на 45 секунди до крајот. Калатес реализира едно слободно фрлање на 32 секунди до крајот, а откако Гудуриќ го промаши шутот за победа ана Фенербахче, натпреварот замина во продолжението од пет минути.

Во него, подобри беа играчите на Фенербахче кои веднаш направија предност од поени која успеаја да ја задржат до крајот.

Најдобар кај Фенербахче беше Хејс-Дејвис со 19 поени, Калатес даде 17, а Сестина 16 поени, додека во редовите на Монако се истакнаа Окобо со 19 и Џејмс и Лојд кои дадоа по 16 поени. Вториот меч ќе се игра за два дена, и повторно домаќин ќе биде Монако.

- Оглас -

Најнови вести