Феноменалниот Дончиќ „полуде“ во последната четвртина и му донесе брејк и водство на Далас (Видео)

Кошаркарите на Далас маверикс дојдоа до изненадувачки брејк, а со тоа и водство од 1-0 во финалната серија на Западната конференција, откако со тесни 105-108 славеа на гостувањето кај Минесота.

Најзаслужен за триумфот беше Лука Дончиќ, кој мечот го заврши со 33 поени, шест скока и осум асистенции. Сепак, оваа победничка партија на словенецот беше монструозна во последната четвртина, бидејќи 15 од 33-те поени ги постигна токму тогаш, кога се кршеше резултатот, а домашните имаа предност од пет поени.

Дончиќ буквално сам го направи пресвртот и ја предводеше својата екипа до голема победа. Сепак, Кајри Ирвинг беше тој кој што го одржуваше Далас долго во игра, а мечот го заврши со 30 поени, пет скока и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести