Фер-плеј потег на годината во Формула 1: Фетел застана да види дали Норис е добар

Квалификациите на патеката Спа Франкошамп во Белгија, се прекинати на 8 минути до крајот, откако Ландо Норис имаше силен удар во заштитната ограда со неговиот Мекларен, со кој ја бркаше пол-позицијата за утрешната трка од Формула 1 шампионатот. Ова е катастрофа за Норис кој беше одличен на влажната патека, но имаше среќа што не се здоби со повреда.

Неговиот болид е доста оштетен, а прв до местото на инцидентот дојде Себастијан Фетел од Астон Мартин, кој застана за да види дали Норис е добар. Пилотот на Мекларен се јави од кокпитот и потврди дека е добар.

- Оглас -

Најнови вести