-0.2 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Феран Торес и Ламин Јамал ја одведоа Барса во четвртфиналето на Купот на кралот (Видео)

Барселона се пласираше во четвртфиналето на Купот на кралот, откако славеше гостинска победа од 0-2 против Расинг Сантандер. Ханси Флик направи неколку замени во првиот тим, остави дел од ѕвездите на клупата, но и тие добија шанса во второто полувреме.

Сантандер одолеа во првиот дел, а потоа Феран Торес на асистенција на Фермин Лопез донесе водство за Барселона во 66-тата минута.

Во последните мигови од средбата во листата на стрелците се запиша и Ламин Јамал за конечни 0-2.

- Оглас -

Најнови вести