Фераријата тргнуваат од прв ред, но чудо би било ако победи некој од нив

Пилотите на Ферари изненадија синоќа во квалификациите, па на денешната Формула 1 трка во Мексико ќе стартуваат од првиот ред, иако до последниот извозен круг, никогаш не беа најдобри, ни на тренинзите, ни во првите две сесии.

Никој не знае што може да се очекува од Шарл Леклер и Карлос Саинс, а букмејкерите не им даваат големи шанси за победа. Фаворит за триумф според квотите во Sport Life е шампионот Макс Ферстапен, кој со својот моќен болид на Ред Бул ќе тргне од третата позиција.

Имаше шпекулации дека Ред Бул ќе му овозможи на Серхио Перес да победи вечер пред домашната мексиканска публика, но тоа сценарио во моментов не делува реално.

Доколку се обложите дека на трката ќе победи некој од возачите на Ферари и тоа се оствари, супер ќе заработите, квотата е дури 8.00.

Тука се и игрите на дуели помеѓу тимски колеги, кој ќе има најбрз круг, кој прв ќе влезе во бокс, кој прв ќе се откаже, и уште многу опции за обложување кои ви се нудат во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести