Ференцварош имаше подобра калкулација во двете нерешени средби со Молде, вечерва одигра без голови и ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите. Првиот меч во Норвешка заврши исто така нерешено, но со резултат 3:3, сосема доволно за унгарскиот гигант да слави успех благодарение на правилото за повеќе постигнати голови на гости.
Вечерва без голови одиграа и Омонија и Олимпијакос, па грчкиот првак ќе игра во ЛШ откако победи со 2:0 во Атина.
Динамо Киев беше најубедлив и вечерва повторно го победи Гент со 3:0 и со вкупен резултат од 5:1 се пласира во фазата по групи во луксузното натпреварување.
Виталиј Бујалски со фантастичен гол со петица најави нов триумф на украинскиот рекордер, а потоа со двата прецизни удари од белата точка на Де Пења и на Родигес, Динамо го завери пасошот за настап во луксузното натпреварување.