Бујалски со фудбалска магија најави пријатна вечер во плејофот за ЛШ (Видео)

Виталиј Бујалски имаше магичен потег во десеттата минута и со гол со петица му донесе предност на Динамо Киев од 1:0 во реваншот против Гент.

Играчот од средниот ред реагираше мајсторски по додавањето на Супријага и го доближи украинскиот гигант до нова победа против ривалот од Белгија и на прагот на настап во Лигата на шампионите.

Вечерва се играат три реванш-дуели од последната квалификациска фаза за настап во фазата по групи во луксузната лига.

Динамо го доби и првиот меч со 2:1 и сега има голема предност против Гент. Во исто време од 21 часот се играат и реваншите меѓу Ференцварош и Молде и Омонија против Олимпијакос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести