Ферстапен го „боцна“ Хамилтон: Како може да го купува Челзи кога навива за Арсенал?

Низ свеетските медиуми вчера се појави веста дека Ф1 возачот Луис Хамилтон и тенисерката Серена Вилијамс се дел од конзорциум кој што сака да го купи Челзи.

Тие ќе застанат позади Мартин Бротон, човекот кој што порано беше газда на Ливерпул, а спортските легенди ќе вложат стотици милиони евра за да ги соберат потребните пари а со тоа да бидат дел од сопственичката структура.

Големиот ривал на Луис во Формула 1, Макс Ферстапен даде интересна изјава по објавата на оваа вест.

„Јас сум огромен фан на ПСВ и никогаш нема да го купам Ајакс. Луис како што е добро познато е огромен фан на Арсенал, а го купува Челзи. Навистина интересно, а на крајот секој си прави што посакува со своите финансии“ изјави Ферстапен.

Викендов во Формула 1 се вози трката за големата награда на Емилија Ромања на легендарната Имола и патеката „Енцо и Дино Ферари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести