Селекторот Кирил Лазаров денеска ги собра македонските репрезентативци пред баражот против Словачка за пласман на СП 2027.
Првиот меч е на програмата на 14 мај од 19 часот во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот ќе биде на 17 мај од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Селекторот верува во својот тим и во успех, но предупредува дека нѐ очекува тежок бараж.
„Бараж за Светско првенство, без разлика на противникот, ова се одлучувачки натпревари. Имаме почит кон Словачка, играат повеќе години заедно, имаат добар систем, нема да биде воопшто лесно, за тоа сме свесни. Мора да бидеме максимално дисциплинирани, треба овие три-четири дена да ги искористиме максимално. Верувам во тимот, знаеме што сакаме, млади сме, можеби ни недостига малку повеќе искуство, но ќе сториме сѐ да ја оствариме целта. Прва задача ни е Прешов, очекувам тежок натпревар, а потоа ќе размислѕваме за ревашот“, изјави селекторот Кирил Лазаров.
На собирот присуствуваше и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов.


