Фудбалерите на Комо ја совладаа Верона на „Бентегоди“ со 0-1 во 35-тото коло од Серија А.
Резултатите во последниот период не беа охрабрувачки за Сеск Фабрегас. Само една победа во претходните шест натпревари пред гостувањето на „Бентегоди“ го натера Комо по секоја цена да бара три бода ова неделно попладне.
🚨 GOOOOOL! ANASTASIOS DOUVIKAS BREAKS THE DEADLOCK IN THE 71ST MINUTE! COMO TAKES A CRUCIAL LATE LEAD AWAY FROM HOME!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 10, 2026
VERONA 0-1 COMOpic.twitter.com/p1WhAo69DV
И беше тешко, сè додека Андријас Едмундсон не киксна и скокна како во дуелот да не се наоѓа еден од физички најмоќните напаѓачи во лигата. Искусно го надмудри Анастасиос Дувикас и со одлична завршница му ја донесе победата на Комо во 71-та минута.
Тимот на Фабрегас беше подобар противник, ја погоди и рамката од голот и создаваше опасни акции, но не им беше сеедно кога Кирон Бови во 75-тата минута постигна погодок за израмнување. Сепак, набрзо стана јасно дека станува збор за офсајд.
На крајот, Верона не успеа да биде тимот што ќе го сопне Комо.
Верона и официјално се сели во Серија Б, додека Комо се наоѓа на петтото место и се надева дека Милан нема да ја победи Аталанта.

