Ферстапен ќе биде на пол-позиција на денешниот спринт

Макс Ферстапен беше најбрз на денешните квалификации за спринт трката, и попладнево ќе стартува од пол-позицијата во спринтот на патеката Спа Франкошамп во Белгија.

Ферстапен имаше најдобро време на влажната патека, но времиња многу блиски до неговото имаа Оскар Пјастри од Мекларен кој заостана само 11 илјадитинки, и Карлос Саинс од Ферари со 25 илјадитинки послабо време.

Најголем губитник во квалификациите за спринтот беше Фернандо Алонсо кој поради грешка на неговиот тим Астон Мартин, беше само 15-ти.

Спринтот се вози денеска, а главната трка е утре. На пол-позиција ќе биде Шарл Леклер, а Ферстапен ќе тргне како шести, поради казната од пет места која ја доби за менување на менувачот.

- Оглас -

Најнови вести