Ферстапен не запира, од шестото место дојде до 50-та победа во кариерата

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен триумфира на трката за Големата награда на САД која се возеше во Остин со што дојде до 15-та победа сезонава и јубилејна 50-та во кариерата во Формула 1.

Второто место му припадна на Луис Хамилтон, додека последното место на победничкиот пиедестал го обезбеди Ландо Норис од Мекларен. Трикратниот светски шампион до победата дојде стартувајќи од шестата позиција.

Тој уште во првиот круг успеа да дојде до петтото место, а откако возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс, испаднаа од битката за лидерската позиција, Ферстапен дојде до третото место, зад Норис и Хамилтон.

По заминувањето во боксот на промена на пневматици во 18-тиот круг, Ферстапен дојде до втората позиција веднаш зад Хамилтон кој пак во боксот влезе два круга подоцна со што го загуби првото место.

До крајот на трката, Ферстапен влезе уште еднаш во боксот, но не си ја загрози победата, додека Хамилтон падна на третото место поради новото менување на пневматици во 30-тиот круг, и се бореше со Норис за втората позиција.

Седумкратниот шампион на шест круга до крајот на трката успеа да го претекне Норис и да искачи на второто место, но немаше време да го загрози Ферстапен.
Пласман меѓу првите десет возачи обезбедија Саинс, Перес, Леклер, Расел, Гасли, Строл и Цунода.

Слдната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози следниот викенд во Мексико.

- Оглас -

Најнови вести