ФФМ со порака до навивачите: „Да ја обоиме Арената во црвено и жолто“

Фудбалската федерација на Македонија објави важни информации за сите оние кои ќе присуствуваат на вечерниот дуел против Белгија. Вратите на Националната арена се отвораат во 18:45 часот, се со цел да се избегнат гужвите пред почетокот на мечот.

Од ФФМ повик до навивачите да понесат и шалови и дресови во боите на Македонија, за да ја обоиме Арената во црвено и жолто.

Важни ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на вечерашниот натпревар против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“! Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и да ја поддржиме нашата репрезентација! Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место. Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот. Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка. На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување. Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност. Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија!“ – велат од ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести