ФИА воведе и трета ДРС-зона во Бахреин

Иако ФИА (Меѓународна авотомобилска федерација) уште лани ја воведе третата ДРС-зона за трката во Бахреин, таа за првпат ќе биде искористена оваа сезона. Оваа одлука доаѓа само неколку дена пред почетокот на Големата награда на Бахреин, каде што ќе се одржи втората трка од тековниот шампинат во Формула 1.

На патеката „Сахир“ досега се користеа зоните на стартот, односно целта од самата патека, како и меѓу 10-тиот и 11-тиот свиок. Трета ДРС-зона ќе биде поставена меѓу третиот и четвртиот свиок. Организаторите се убедени дека ФИА направи одличен потег што воведе трета зона, па на тој начин ќе се создадат повеќе услови за престигнување и воедно самата трка ќе биде повозбудлива.

Трката за Големата награда на Бахреин е предвидена во недела, со почеток во 10:10 часот наутро, додека стандардно квалификациите за пол-позиција се закажани за еден ден порано.

 

- Оглас -

Најнови вести