Светската фудбалска федерација (ФИФА) на дело покажа дека цивилните судови не важат за неа и го натера врвохниот федерален суд во Бразил да го врати на функција претседателот на фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ), Едналдо Родригес и обезбеди работите со бразилскиот фудбал да се одвиваат по вообичаениот тек.
Судот во Рио де Жанеиро на седми декември го смени претседателот на ЦБФ бидејќи ги поништи изборите кои се одржаа во 2022 година и на кои победи токму Родригес. На местото на Родригес, судот во Рио де Жанеиро го именува судијата од судот за спортска правда, Хозе Пердизо.
Судот во Рио де Жанеиро го смени Родригес поради неправилности во неговата кампања и дека потпишувал документи за кои немал овластувања.
ФИФА потоа го предупреди ЦБФ да не го признава именувањето на привремениот претседател Педризо и се закани дека ќе ги суспендира бразилските репрезентации од меѓународните натпреварувања ако не го реши тоа што ФИФА го смета за недозволиво, а тоа е мешање на судот во Бразил во работата на ЦБФ.
Сооченни со овие закани од страна на ФИФА, врховниот федерален суд во Бразил нареди враќање а Родригес на претседателската функција на ЦБФ.
Првиот потег на на Родригес по враќањето на функцијата беше отказ за селекторот на машката сениорска репрезентација на Бразил, Фернандо Диниз и назначување на Доривал жуниор.