ФИФА ги одбра 16-те градови од три земји кои ќе бидат домаќини на Мундијалот 2026

Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра, се најавува дека ќе биде пресвртница за нешто ново, историско во фудбалот. Се подготвуваат разни новитети кои треба да бидат промовирани во следните неколку години, а тоа што уште од сега се знае за 2026 година е дека тој Мундијал ќе биде прв на кој ќе настапат дури 48 репрезентации, а не како досега кога на планетарниот собир има вкупно 32 национални тима.

Мундијалот во 2026 година за прв пат ќе се игра во три различни земји и тоа САД, Мексико и Канада. Домаќини ќе бидат вкупно 16 градови, а ФИФА денеска ги откри имињата на градовите домаќини. Од САД домаќини ќе бидат Бостон, Њујорк, Филаделфија, Атланта, Мајами, Хјустон, Далас, Канзас сити, Лос Анџелес, Сиетл и Сан Франциско.

Мексико ќе биде домаќин со три града и тоа: Гвадалахара, Монтереј и Мексико Сити. Од Канада домаќинство за СП 2026 година добија само два града и тоа Ванкувер и Торонто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести