ФИФА ги одреди наградите за учесниците на СП во Катар, шампионот добро ќе се „опари“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги одреди наградите за репрезентациите што ќе настапат на Мундијалот во Катар.

ФИФА исто така објави дека ќе им даде вкупно милијарда долари на фудбалските федерации и клубовите за претстојното СП што ќе се игра од 20 ноември до 18 декември во Катар.

Шампионот ќе добие 42 милиони долари, а ако на оваа сума се додадат и 1.5 милиони за подготовки и девет милиони за учество во групната фаза, вкупната сума изнесува 52.5 милиони долари. Финалистот ќе добие чек од 30 милиони долари, а вкупната сума што ќе ја добие изнесува 40.5 милиони.

Третото место носи премија од 27 милиони, а четвртото 25 милиони, на кои им се додаваат 10.5 милиони што секоја репрезентација ќе ги добие за самото учество во СП.

За репрезентациите што ќе завршат од петтото до осмото место ќе добијат по 17 милиони долари. Сите селекции што ќе се пласираат во осминафиналето ќе добијат чек од 13 милиони долари.

ФИФА исто така издвои уште 209 милиони долари за компензација на клубовите поради учеството на нивните играчи на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести