ФИФА му изрече уште една седумгодишна суспензија на Блатер

Жозеп Блатер, поранешниот прв човек на ФИФА, доби дополнителна суспенција од фудбалски активности на седум години и осум месеци.

Суспензијата е изречена врз база на нови докази според кои Блатер ги прекршил етичките правила на Светската фудбалска куќа. Таа доаѓа на само неколку месеци од првата суспензија која треба да му заврши во октомври годинава, а Блатер ја отслужува од декември 2015 година.

За примање мито, незаконско продолжување на договори на вработени во федерацијата и уште неколку прекршоци, заедно со 85-годишниот Блатер, нова казна доби и Џером Валчке, поранешниот генерален секретар на ФИФА, кој воедно ја злоупотребувал својата позиција.

Двајцата дополнително треба да платат по 900.000 евра парична казна за прекршување на правилникот. Инаку, првичната суспензија на Блатер беше изречена на осум години, а потоа намалена на шест, додека 12-годишната суспензија на Валчке беше намалена од 12 на 10 години.

 

- Оглас -

Најнови вести