ФИФА му се закани на Бразил, ако се вмеша политиката, следува суспензија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја предупреди Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) дека се соочува со можни санкции поради вмешувањето на државата во изборот на новиот претседател на Федерацијата.

ФИФА ѝ порача на државата да не одржува избори за нов претседател сè додека не се расчисти случајот со Едналдо Родригес.

ФИФА е загрижена поради претстојниот избор на претседател на Фудбалската федерација на Бразил откако на седми декември судот во Рио де Жанеиро му го одзеде мандатот на актуелниот претседател Едналдо Родригес поради неправилности во изборот кој се одржа минатата година. Минатата недела двата највисоки суда во Бразил ја потврдија одлуката.

„Ова ќе значи дека службени лица, екипи и клубови од ЦБФ нема да можат да учествуваат во меѓународни натпревари и тоа сè додека трае суспензијата“, стои во дел од соопштението на ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести