Саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср доби забрана од ФИФА за доведување нови играчи во наредните три преодни рока.
Казната е поради долг од 460 илјади евра за бонуси кон англиски Лестер, од каде што го купија Нигериецот Ахмед Муса во 2018 година.
Ал-Наср зимоска го купи Кристијано Роналдо, летово дополнително го засили тимот со Марцело Брозовиќ, се најавуваат и други принови, како Доменико Берарди и Хаким Зијех, но прво ќе мора да му го платат долгот на Лестер и да чекаат симнување на забраната за трансфери.
Муса две години играше за Ал-Наср, а Лестер го тужеше Ал-Наср на Спортскиот арбитражен суд, и го доби, па ФИФА постапи согласно правилата.