Светот полека се подготвува за повторно враќање на фудбалот. Во голем број земји се обидуваат да се рестартираат првенствата за да се ублажат финансиските загуби, но и да се доиграат шампионатите и да се дознаат најдобрите клубови со борба на теренот.
Бидејќи повеќе од јасно е дека првенствата кои ќе продолжат ќе се играат во забрзан ритам, Светската фудбалска федерација најави дека ќе има некои промени на правилата во време на пандемијата од корона-вирусот. Некои предлагаа да биде намалено времетраењето на одигрување на мечевите, но тоа нема да се случи.
Сепак, најавите се дека промената ќе биде во бројот на дозволени измени. Наместо досега предводените три замени, се очекува да биде дозволено да има по пет измени. Со зголемениот број замени ќе се направи фудбалерите да може да добијат повеќе свежина во набиениот распоред кој ќе ги очекува во следните неколку месеци.