ФИФА направи скандал на церемонијата, му дозволи на славниот готвач да се симне на теренот и да го допре шампионскиот пехар (Видео)

Светската фудбалска федерација (ФИФА) направи скандал на свечената церемонија на доделувањето на шампионскиот пехар на Аргентина дозволувајќи да се случат два преседани.

Едниот е потегот на емирот на Катар, Тамам бин Хамад Ал Тани, кој пред доделувањето на пехарот, на Меси му стави црна наметка, а во вториот пропуст славата на аргентинските фудбалери за момент им ја украде познатиот готва, Нусрет Гокче, кого сите го познаваат како Салт Бае. Тој се симна теренот, па дури и го држеше во раце шампионскиот пехар.

Салт Бае има ланец луксузни ресторани, а стана сензација на интернет по начинот на кој го зачинува месото. Според медиумите, Салт Бае го искористил своето пријателство со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, да се симне на теренот и да се слика со пехарот и со Лионел Меси.

Според правилата на ФИФА, шампионскиот пехар можат да го допрат мал број луѓе, тоа се челниците на оваа организација, претседателите на држави, кралски семејства и фудбалерите шампиони.

Интересно е што луѓето кои се задолжени за изнесување на Златната божица на теренот мора да носат ракавици бидејќи не смеат да го допрат пехарот со голи раце.
Пред Салт Бае, единствена личност која го прекршила протоколот е пејачката Ријана, и тоа во 2014 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести