ФИФА нема милост, 10 меча суспензија поради расизам

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го суспендираше репрезентативецот на Бахреин Сајед Бакер, на 10 натпревари поради расизам за време на натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Бакер на 14 ноември во текот на еден меч во Хонконг непристојно гестикулираше кон домашните навивачи, така што со прстите формираше коси очи. Тој инцидент беше снимен со камера од трибините, а видеото подоцна се појави и на социјалните мрежи. Бакер воедно е казнет со 30.000 швајцарски франци.

ФИФА уште во јули годинава објави дека најмалата казна за расизам ќе биде 10 меча суспензија, па сега се виде и на дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести