ФИФА се откажа од планот за 48 репрезентации на Мундијалот во Катар

ФИФА објави дека се откажува од намерата на Мундијалот во Катар во 2022 година да учествуваат 48 репрезентации, со што шансите, пред сè, на таканаречените „мали“ репрезентации да играат на Светско првенство сега се драстично намалени.

Конечната одлука за промена на актуелниот формат од 32 селекции кои досега играат на Мундијалите требаше да се донесе во јуни, но ФИФА предвреме се откажа.

Имаше заложби на Катар да му се помогне со вклучување на дел од околните земји во организација на Светско првенство со 48 селекции, но сега тоа е веќе минато и планот на ФИФА не успеа.

- Оглас -

Најнови вести