ФИФА воведува нови правила: Нема веќе „крадење“ на времето

Премногу пауза и задржување на времето се најнепопуларните работи во фудбалот. Во англиската Премиер лига сезонава натпреварите активно се играат во просек по 55 минути и 9 секунди. Вкупно биле направени 2599 измени, од кои 129 односно 5 отсто се во судиското надополнување на времето. Арбитрите во просек се решаваат средбата да трае дополнителни 4 минути и 22 секунди.

Поради фактот дека во Англија само 55 минути се активни од вкупно 90, а и во сите останати првенства ситуацијата е многу слична, меѓународниот одбор за правила на фудбалската игра (ИФАБ) предложи да се забрани вршење на замени на играчите во судиското надополнување. Уште една од можните нови правила е да му се дозволи на играчот кој ќе биде заменет, да го напушти теренто до најблиската аут линија, а не како што е досега, само на определеното место.

Со воведување на овие правила, сигурно би се намалило залудно потрешеното време без активен фудбал. За тоа дали ќе бидат овие правила веведени ќе се гласа дури следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести