Екипата на Еурофарм Пелистер со 26:23 славеше на гостувањето кај Охрид, во ракометното дерби. Со оваа победа битолчани остануваат лидери на табелата со седум бодови, додека Охрид остана на три бодови и е на четвртото место во плеј-оф табелата.
Филип Кузмановски е вистински херој на Пелистер. Капитенот на македонската репрезентација беше незадржлив за домашната одбрана и постигна дури 12 голови. Тој решаваше во клучните моменти кога се одлучуваше победникот.
Инаку Охрид одлично започнаа и поведе со 2:0, а потоа домаќините имаа и три гола предност (4:1 и 5:2). Тоа како да беше аларм за Пелистер да заигра многу подобро посебно во одбраната, па битолчани со серија од 5:0 стигна до предност од 7:5.
Следуваше тајм-аут на Стевче Алушовски, па ракометарите на Охрид го прекинаа постот од седум минути без постигнат гол, а во 20-тата минута резултатот беше 8:8. Потоа повторно следуваше подобра игра на гостите за водство на Пелистер од 11:8, а Охрид до крајот на полувремето намали на еден гол негатива и на пауза се замина со 11:12.
Дека ќе биде неизвесно и во вториот дел се виде уште на стартот кога во 35 минута резултатот беше израмнет на 14:14. Потоа беше и 16:16 во 41 минута, а нерешено беше и во следните неколку периоди: 47 минута (18:180), а потоа и 21:21 во 52 минута. Следуваа два гола во низа за Пелистер, потоа Охрид промаши и пенал, но домаќините потоа успеаа да намалат на 22:23.
Филип Кузмановски со својот 10-ти гол погоди за 24:22 на две и пол минути до крајот, а потоа Охрид намали на 23:24. Во најважните моменти од мечот следуваа уште два погодоци за Кузмановски, додека охриѓани не успеаа да реализираат, па на крајот, шампионот се радуваше на триумф.