Филип Кузмановски: Игравме со срце, мора да ги кренеме главите и да играме уште подобро

Филип Кузмановски беше трет стрелец во редовите на Македонија со четири гола на дуелот со Словенија што го загубивме со 25:27. Тој одигра добар меч, но вели дека нашата селекција мора да продолжи уште подобро на следните два дуели со Црна Гора и Данска.

„Се боревме со срце, но очигледно ни фалеше Кирил Лазаров. Одигравме добар меч. Мора да одиграме подобро на следните натпревари и да ги коригираме техничките грешки. Оваа генерација може да игра добар ракомет. Нема простор за разочарување и мораме да ги кренеме главите горе и да продолжиме да се бориме како денеска против Словенија“, изјави Кузмановски.

Следниот предизвик ни е дуелот со Црна Гора за два дена, а потоа ќе играме и со Данска на 17 јануари.

Проблем за Македонија е што непосредно пред стартниот меч со Словенија, се повреди селекторот Кирил Лазаров и тој нема да игра до крајот на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести