Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Филип Талески гостуваше на поткастот „Вистина или не“ на Канал 77 со Миро Кацаров, каде што одговараше со „Да“ или со „Не“ на некои необични прашања.
Едно од прашањата кои му беа поставени беше: „Ако го сретне Кирил Лазаров на улица, дали би го поздравил?“ Одговорот на Талески беше краток и јасен: „Не“, а потоа продолжи: „Душата би ја дал за Македонија, но некој друг одлучува, зошто е тоа дозволено така, не знам. Тоа не е прашање за мене“, рече Талески.
Меѓу прашањата на кои одговараше беше и тоа дали Талески верува дека во репрезентацијата има ракометари кои не заслужуваат да бидат дел од националниот состав, а одоговорот беше: „Мислам дека има ракометари кои не заслужуваат да бидат дел од репрезентацијата и играчи кои не се на моето ниво“.
Талески призна дека воопшто ни приватно, ни службено не разговара со Филип Кузмановски. Целото „испрашување“ на Талески може да го видите ТУКА.

