Филмска приказна од Лос Анџелес – Гробарот од Њујорк ги спаси Лејкерс од пораз со тројка со звукот на сирената (Видео)

Мет Рајан е една од главните спортски приказни денеска откако 25-годишниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс со погодена тројка со звукот на сирената го спаси 17-кратниот НБА-шампион од пораз против Њу Орлеанс пеликанс, а потоа во продолженија Езерџиите и победија со 120:117.

Рајан со неверојатно тешка тројка со звукот на сирената израмни на 111:111 и обезбеди продолженија, по кои неговиот тим и победи.

Рајан лани работел како достасувач и прекувремено и како гробар во Њујорк откако во 2020 година се пријави на драфтот за НБА, но ниту еден тим не беше заинтересиран да го ангажира.

Сепак, на Мет му се насмевна среќата лани, кога доби понуда од Кливленд кавалирс, а само две седмици потоа беше префрлен во таборот на Денвер нагетс.

Продолжи во развојната лига, па во НБА го врати Бостон селтикс, екипа за која во ланската сезона одигра само пет минути.

Во оваа сезона настапува за Лос Анџелес лејкерс и може да се пофали дека играл за двете најтрофејни екипи во НБА.

Бостон и Лејкерс имаат по 17 титули, а Рајан е една од главните приказни во светот на спортот овие денови.

 

- Оглас -

Најнови вести