Финалето на „црната“ ЛШ ќе се игра на 29 мај во Камерун

Камерун ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите на Африка. Дуелот за титула ќе биде само во еден меч, нешто што се случува првпат во последните 50 години. По традиција, финалето на африканската ЛШ се играше во два меча, финалистите играа по еднаш дома и на гости.

Двобојот за трофејот треба да се игра на 29 мај на стадионот „Џапома” во Дуала.

Полуфиналето треба да се изигра во првите денови од мај. „Џапома“ е нов стадион со 50.000 седишта, а за неговата изградба се потрошени 143 милиони долари и таму треба да се играат некои дуели од Африканскиот куп на нациите во 2021 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести